КОРОНА ВИРУС: Како да го контролирате стресот и како да разговарате со вашите деца?

Драги родители, за да се справиме полесно со пандемијата со која се сочуваме, многу е важно да останеме присебни родители, и да им помогнеме на нашите дечиња колку што е можно полесно и безболно да го пребродат овој период. Никој од нас не очекувал дека ќе се соочи со глобална пандемија. Додека некои луѓе панично купуваат тоалет, а други пробуваат да најдат сапуни, средства за дезинфекција и маски, малите човечиња во нашите животи не набљудуваат. Цело време не слушаат како зборуваме за корона вирус или Ковид-19 и забележуваат дека се однесуваме различно. Дури и најмалите бебиња го чувствуваат и го впиваат стресот од нас.
По купувањето на намирници и по изолирањето, што можат да направат родителите за да останат смирени за време на изолацијата која не знаеме колку долго ќе трае?

Препознајте го стресот предизвикан од корона вирусот

Малите деца се емотивно незрели, а и вокабуларот им е ограничен, поради што стресот го изразуваат на начин кој не е очигледен. Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC), состави листа со вообичаени промени во однесувањето на децата кои можат да укажат на стрес. Некои знаци вклучуваат:

  • Често плачење или иритација кај помали деца
  • Враќање на навики кои ги надраснале (пр. мочкање во кревет)
  • Преголема грижа или тага
  • Потешкотија со внимание и концентрација
  • Избегнување на активности кои порано ги сакале
  • Необјаснети болки во глава или во тело

Бидете смирени родители

Децата учат од нас. Ги гледаат нашите движења, зборови, постапки и совршено ги копираат. Смирен родител може да смири мало дете преку своите постапки. Обидете се да ги ограничите “дискусиите за возрасни” во време кога децата спијат или кога си играат во друга соба, и наместо тоа, разговарајте со вашето дете на начин кој е соодветен за неговата возраст.

CDC понуди список со повеќе начини со кои можете да му помогнете на вашето дете:

  • Одвојте време за да разговарате со вашето дете за кризата поврзана со Ковид-19. Одговорете на прашања и споделете факти за Ковид-19 на начин на кој вашето дете ќе може да ве разбере
  • Уверете го вашето дете дека е безбедно. Објаснете му дека е во ред да се чувствува вознемирено. Објаснете му како вие се справувате со вашиот стрес, за да може и детето да најде начин да се справи со својот стрес
  • Ограничете го слушањето на вести и читањето на интернет за новости поврзани со Корона вирусот. Децата може погрешно да го толкуваат тоа што ќе го слушнат и да бидат преплашени за нешто што не го разбираат.
  • Обидете се да имате секојдневни активности. Создадете дневен распоред на активности за учење, за забава, игра и релаксирање.
  • Бидете огледало за децата. Одмарајте се, спијте многу, вежбајте и јадете здраво. Зборувајте секојдневно со вашите пријатели и членови од семејството.

Грижата за себе е грижа за семејството, посебно во време на пандемија

Ова го слушаме секојдневно, но сега е поважно од било кога. Како што кажуваат во авионите “прво ставете ја вашата маска, пред да им помогнете на другите”. Ова значи да направите 5 минути пауза додека децата играат и да медитирате, да земете здив, или само да мирувате. Еве неколку предлози од CDC за тоа како да се грижите за себе:

  • Направете пауза од гледање, читање или слушање на вести, вклучувајќи ги и социјалните мрежи. Постојано слушање за пандемијата може дополнително да ве вознемири.
  • Водете грижа за вашето тело. Земајте длабок воздух, истегнувајте се или медитирјте. Обидете се да јадете здрава храна, да вежбате редовно, да спиете добро и да избегнувате алкохол.
  • Правете работи кои ве релаксираат
  • Поврзете се со други луѓе. Зборувајте со луѓе на кои им верувате, доверете им се и споделете ја грижата која ја чувствувате.

Излегувајте надвор, но одговорно и внимателно

Иако се соочуваме со откажување на нашите секојдневни активности и промена во социјалниот живот, сепак мала прошетка на сонце може да ви помогне. Излезете на прошетка, возете велосипед или трчајте, поздравете ги комшиите од спротивната страна на улицата, оддржувајте растојание. Некои активности ќе ви помогнат да се ослободите од стресот, а ќе ги расположи и вашите деца.

Одржувајте го вашиот флексибилен распоред

Кога и да е, ова ќе заврши. Во моментов се соочуваме со нов вирус за кој не постои лек, вакцина, ниту пак групен имунитет. Затоа е многу важно да се навикнете на привременото изолирање и вие и децата.

Редот и рутината се многу важни за децата. Легнувањето навечер во исто време, бројот на дневните дремки и дневниот ред, може да станат вистински предизвик. Но одржувањето на секојдневна рутина, ред, редослед и здрави навики на спиење се многу важни, затоа што кога ќе заврши изолацијата, децата чиј што ред не бил нарушен полесно ќе се вратат во нормално секојдневие.

Од друга страна, од големо значење е вашите деца да спијат доволно навечер без будења, затоа што сонот влијае на расположението, децата со здрави навики на спиење се посмирени и можат многу полесно да поминат низ ова невреме во кое се наоѓаме. Периодот на изолација е одличен за да воведете здрави навики на спиење, да ги научите да заспиват сами и да не се будат навечер. Искористете го времето дома, контактирајте не и со помош на нашите програми за спиење обезбедете здрав сон за целата фамилија.

Водете грижа за другите

Ако сте млади и ако имате деца, веројатно вие ќе бидете добри, дури и да се заразите со корона вирусот. Но вашите постапки, посебно вашето оддалечување од останатите, може значително да им помогне на повозрасните, на вашите родители, на вашите баба и дедо. Не заборавајте да се гледате преку вибер, скајп со баба и дедо – ќе им донесе среќа, а и децата ќе уживаат во разговорот.

Сега е вистинско време да ги научите вашите деца на љубезност, почит, внимание. Додека училиштата секојдневно се трудат да ги научат нашите деца на убаво однесување, децата ќе се однесуваат така како што се однесувате вие дома. Бидете смирени, љубезни и полни со љубов, заедно ќе го надминеме и ова, и ќе бидеме посилни и подобри.

Сања Ѓорѓева – Сертифициран и обучен тренер за спиење (Certified Gentle Sleep Coach ℠), дел од светски распространета организација составена од тим стручњаци во областа на спиењето, предводени од светски познатата Kim West уште попозната како The Sleep Lady. Нашиот тим користи методи и техники, за подобрување на сонот на бебиња и деца од 4 месеци до 6 години, кои се индивидуални за секое семејство, прилагодени на возраста и карактерот на детето како и на динамиката на семејството. Со помош на нашите програми за спиење, ќе ги научите вашите деца да заспиваат сами и да ја преспиваат ноќта за помалку од две недели.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Verified by MonsterInsights