Дали вашето дете често се справува со тантруми, често е нерасположено и многу емотивно? Доколку да, голема е веројатноста да има недостаток на сон. Сонот е многу важен за сите нас, посебно за бебињата и децата.
Ребека Г.Астил, професор на катедрата за спиење во Холандскиот институт за Неврологија, спроведе студија, истражувајќи ги последиците од нарушен сон кај децата. Во студијата го следела однесувањето на 35.000 деца на возраст од 5 до 12 години. Истражувањето покажало дека децата кои заспиваат касно, и се будат во текот на ноќта, имаат послаби резултати во училиште и не можат да ги контролираат своите емоции, брзо се лутат, плачат, и се многу понервозни од децата кои имаат непрекинат сон.
Постојат докази дека недоволен сон ги зголемува ризиците од дебелеење, дијабетис и хиперактивност.
Како да препознаете дали на вашето дете му е потребно повеќе спиење?
Без разлика дали вашето дете е во претшколска возраст или е поголемо овие знаци укажуваат дека му е потребено повеќе спиење:
- Изразена емотивност (чести тантруми, промена на расположение, лесно се навредува, нема трпение)
- Тешко се буди наутро
- Потешкотија при концентрирање или фокусирање на некоја игра
- Долги или прекумерни дремки
- Хиперактивност
- Тешко заспива (преумореност)
- Заспива веднаш штом ќе ја стави главата на перницата (на дете со здрави навики на спиење му се потребни околу 20мин да потоне во сон )
- Зголемен апетит
- Често паѓање и невнимателност
- Прекумерно зборување (повеќе прашања од нормално, брзи неповрзани разговори)
Обезбедувањето на доволен сон е многу важно за растот и развојот на вашето дете. За време на спиењето, телото и мозокот подлежат на процес одговорен да обезбеди нивно правилно функционирање. Спиењето им помага на децата да се фокусираат, да запаметат што учеле, и е многу важен за нивното физичко и ментално здравје.
Нарушено спиење и проблеми со растот
За време на спиењето, хормонот наречен човечки хормон за раст се излачува од хипофизата (подмозочна жлезда) сместена во основата на черепот. Хормонот за раст дејствува на најголемиот дел од телесните ткива, во кои стимулира синтеза на протеини, неопходни за растењето. Кај децата овој хормон најмногу се лачи за време на ноќното спиење, кога ќе влезат во длабоката фаза на сон. Хормонот на раст гo стимулира и координира растот на сите делови на телото, мускули, коски и нерви. Покрај пoмагањето во растот во детството, хормонот помага во одржување на здраво телесно ткиво за време на зрелоста. Длабоката фаза на спиење, која се случува на почетокот на ноќта има големо значење во лачењето на хормонот. Доколку оваа фаза е попречена, растот нема да се развива нормално. Ако една ноќ на попречено спиење нема да му наштети на растот, хронични проблеми со спиење во детството ќе му наштетат.
Неодамнешни истражувања покажуваат дека децата со намалено количество на хормон на раст имаат проблеми со спиењето, не спијат доволно, за разлика од децата кои имаат нормален хормон на раст.
Нарушувањето на сонот е поврзано со дебелеење, дијабетис и проблеми со срцето
Хормонот на раст не е единствениот хормон кој е погоден од нарушениот сон кај малите деца. Хормоните кои регилураат глад и апетит како инсулин и кортизол (стрес хормон) исто така се нарушени од недоволен сон. Мали деца кои долг период имаат попречно спиење и недоволен сон, имаат екстремно ниско ниво на инсулин, кое може да доведе до диабетис и проблеми со тежината. Неодамнешни истражувања покажуваат дека децата кои имаат нарушено спиење, ризикот од прекумерно дебелеење е значително поголем, за разлика од децата кои имаат здрав и континуиран сон. Децата кои не спијат доволно, имаат високо ниво на кортизол кој им предизвикува стрес.
За да ги спречите непреспаните ноќи и последиците од нарушен сон, многу е важно да ги научите вашите деца од најрана возраст да се успиваат сами и да ја преспиваат ноќта. Центарот за здрав сон Dr.Goodnight може да ви помогне да ги оставите непреспаните ноќи зад себе за само две недели.