Хормони кои го подобруваат спиењето

Хормоните се оние магични хемиски стимулатори, кои нашето тело само ги продуцира. Тие го контролираат метаболизмот и функцијата на нашите органи, но влијаат и на нашите чувства и нашето расположение, со еден збор, одговорни се за целата наша благосостојба.

Некои хормони не прават фит, други не прават поспани, некои не прават тажни а некои среќни. Кои хормони му помагаат на вашето бебе да спие добро, а кои се виновни за чести будења и непреспани ноќи?

ХОРМОНИ КОИ ГО ПОТТИКНУВААТ СПИЕЊЕТО:

  • МЕЛАТОНИН хормон на сонот му дава знак на мозокот дека е време за спиење, ги опушта мускулите и ги прави бебињата поспани. ВАЖНО -во првите неколку недели од раѓањето, бебињата не лачат мелатонин⁠⁠. Бебињата кои цицаат, во одредена доза го внесуваат преку мајчиното млеко.
  • СЕРОТОНИН хормон на среќата – се лачи во текот на денот, а приквечер се претвара во мелатонин⁠.
  • ОКСИТОЦИН хормон на љубовта – дава чувство на сигурност и безбедност. Ова е особено важно за вашето бебе да може да има непрекинат сон во текот на ноќта.

 

ХОРМОНИ КОИ ГО ПОПРЕЧУВААТ СПИЕЊЕТО:

  • ОРЕКСИН хормон на глад. Сите знаеме дека спиење и глад не одат заедно. ⁠
  • КОРТИЗОЛ стрес хормон влијае слично како и кофеинот, ги држи децата будни, дури и кога се многу уморни.

Како можете да го искористите ова знаење? За да ги поттикнете „добрите хормони“, во текот на денот со вашето бебе поминувајте повеќе време надвор на светлина, приквечер во затемнета просторија, а навечер да спие во темница БЕЗ светло. Најважно од се, пружајте му многу љубов и комфор на вашето малечко.

За да ги намалите хормоните кои негативно влијаат на спиењето на вашето бебе, погрижете се вашето бебе да биде најадено и сито. Но најважно од се е да внимавате вашето бебе да не биде преморено, внимавајте на прозорот на будност. И ВЕ МОЛАМ никогаш не го оставајте вашето бебе САМО во соба и да плаче да вика, затоа што тоа ќе го зголеми лачењето на хормонот кортизол, и тогаш многу тешко ќе заспие.

Имајте слатки и преспани ноќи 😴

Сања Ѓорѓева – Сертифициран и обучен тренер за спиење (Certified Gentle Sleep Coach ℠), дел од светски распространета организација составена од тим стручњаци во областа на спиењето, предводени од светски познатата Kim West уште попозната како The Sleep Lady. Нашиот тим користи методи и техники, за подобрување на сонот на бебиња и деца од 4 месеци до 6 години, кои се индивидуални за секое семејство, прилагодени на возраста и карактерот на детето како и на динамиката на семејството. Со помош на нашите програми за спиење, ќе ги научите вашите деца да заспиваат сами и да ја преспиваат ноќта за помалку од две недели.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Verified by MonsterInsights