Дали имате проблем со “лажен почеток на ноќно успивање”? Тоа е кога ќе го успиете вашето бебе навечер и по 30 или 45 минути бебето се буди наспано и спремно за играње. Ако се соочувате со овој проблем знаете дека може да биде фрустрирачки и тешко надминлив.
Во овој текст ќе ги прочитате 5те најчести причини кои го предизвикуваат тоа будење, и што можете да превземете за тоа.
-
Вашето бебе е помало од 3-4 месеци и потребно му е покасно успивање
На оваа возраст ова може да биде честа појава. За некои новороденчиња успивање во 19:00/20:00 часот е рано. Пробајте да ги успивате помеѓу 20:00 и 22:00. Поместете го успивањето порано, околу 5тиот месец.
Па, што да направите? Засега, овозможете му кратка дремка во раните вечерни часови, по дремката останете одредено време будни, а потоа почнете со ноќното успивање помеѓу 20:00 и 22:00 часот.
Не заборавајте дека како што бебињата се доближуваат до 5тиот месец, ви препорачувам да ги успивате малку порано, околу 19:00 – 20:00 часот, покасното успивање важи само за бебиња помали од 5 месеци.
-
Регулирање на прозорот на будност
Уморот е добар за спиење, но не и преморот. Преморени бебиња се будат почесто во текот на ноќта. Од друга страна пак, бебиња кои не биле доволно долго будни пред да ги успиете, не се умориле,можеби ќе заспијат, но нема да бидат доволно уморни за да останат заспани.
Внимавајте на прозорот на будност пред вечерното успивање. Оваа табела ќе ви помогне во одредувањето на прозорот на будност.
-
Денот ви започнува по 08:00 часот
Доколку сакате вашето бебе да заспие навечер измеѓу 19:00ч. и 20:00ч. , а наутро се будите по 8:00 ч., најверојатно не може да заспие толку рано. На повеќето бебиња денот треба да им биде долг околу 12/13 часа.
Ако ова важи за вас, пробајте да го будите вашето малечко малку порано. Со тоа, вашето бебе ќе има повеќе време за активност во текот на денот, а тоа ќе му помогне да заспие навечер полесно.
-
Вашето бебе заспива додека го доите или додека пие млеко
Ноќниот оброк е многу важен за внесување на потребното дневно количевство на калории. Но, понекогаш кај овој оброк треба да се направат одредени измени.
Успивање за време на ноќниот оброк кај некои бебиња предизвикува потешкотија да презаспијат додека се обидуваат да направат преод во нов циклус на спиење.
Трудете се вашето бебе да остане будно за време на ноќниот оброк (доење или АД). Пробајте да го поместите оброкот малку порано во целата рутина пред спиење. Вметнете уште една активност измеѓу оброкот и доењето, пример облекување, промена пелена и сл.
-
Го спуштате бебето во креветче многу поспано или веќе заспано
Како го спуштате вашето бебе во креветчето? Дали е премногу поспано или целосно запано? Ова е многу важно да го знаете: На секои 40 – 50 минути, бебињата прават преод во нов циклус на спиење. При секој преод, настанува краткотрајно будење, тоа е нормален процес во циклусите на спиење. Ако биле многу поспани или целосно заспани кога сте ги спуштиле во креветче, при преодот се будат и ќе си помислат “КАДЕ СУМ? Јас не заспав овде, не знам како да презаспијам овде.”
Можноста на бебето да заспие само во своето креветче помага најмногу во решавање на проблемот со “лажен почеток на ноќното успивање”, а и со презаспивањата во текот на ноќта.
Доколку го имате овој проблем, контактирајте не, со помош на нашите програми за спиење ќе го научите вашето бебе да заспива само и да презаспива само при секој преод од еден во друг циклус на спиење.