Како влијае темпераментот врз спиењето?

Спиењето и темпераментот на бебињата и децата се тесно поврзани, а поради тоа честопати се потребни посебни стратегии и тренинзи за спиење за да дојдете до посакуваните проспани ноќи.

 

КАКО СЕ ПОВРЗАНИ СПИЕЊЕТО И ТЕМПЕРАМЕНТОТ НА БЕБЕТО?

Некои деца имаат посмирени реакции кон информациите кои довагаат до нив. Најчесто, за нив спиењето не е проблем, бидејќи тие се способни да ги смират своите емоции, да се “исклучат” од надворешниот свет и да потонат во длабок сон.

Други деца – најчесто ги нарекуваме „многу темпераментни“ – имаат многу повеќе потешкотии со спиењето. Во текот на денот тие впиваат многу повеќе информации, бомбардирани се од своите сетила кои тешко ги контролираат, а тоа им отежнува да се смират, да се “исклучат” од надворешниот свет и да потонат во длабок сон.

КОИ КАРАКТЕРИСТИКИ ВЛИЈААТ ВРЗ СПИЕЊЕТО?

Интензитет

Сè е поизразено. Ако се среќни, тие се навистина среќни. Кога ќе се вознемират, експлодираат како бомби. На овие бебиња родителите ќе кажат: „Ако не ја смирам за неколку секунди, после ништо не може да ја смири“. Ако се одлучите да правите тренинг за спиење, треба многу внимателно да се направат и тренингот и методата кои што ќе ги користите. Интензитетот е една од главните причини кој  може да ви го исфрли тренингот за спиење од колосек. Овие палавковци не „кенкаат само 15 минути“, тоа може да биде еден час или и повеќе хистерично плачење, многу ноќи по ред, без никакви промени. Затоа треба многу внимателно да се изберат метода и пристап со кој ќе се прави тренингот, за да имате успех.

Упорност

„Прилагодливост“ и „флексибилност“ не се во речникот на темпераментните деца. Тие не се откажуваат лесно од она што го сакаат, ќе направат се, за да го добијат тоа што го замислиле. Ова е одлична особина кај возрасните, но кај децата може да биде истоштувачка за родителите. Важно е да знаете дека кога ќе се обидете да ги промените нивните навики, тие ќе се борат со вас. Но, ако останете доследни, константни и ги поддржувате низ целиот процес, тие многу брзо ќе сфатат и ќе ги научат новите рутини и методи, а тоа ќе ви донесе проспани ноќи на сите.

Перцепција

Тие забележуваат сè – буквално, сè.  Гледајќи на големата слика, тоа е неверојатна вештина. Овие брилијантни мали умови ќе забележат емоции и врски. Ќе забележат дека нешто е поместено или мали промени во рутините. Тие, исто така, ќе забележат ако се двоумите во вашиот пристап кон спиењето, и ако не сте сигурни во вашите постапки. Ќе треба да бидете константни и поупорни отколку што некогаш сте биле ако сакате да направите тренинг и подобрување во спиењето. Треба да имате добро смислени план и рутина кои се јасни и повторливи.

Живост/активност

Темпераменните деца се активни цел ден. Нивното мозоче работи цело време и смислува нови идеи. Повторно ќе кажам, тоа е одлична способност, но кај толку мали дечиња може брзо да ги раздразни и да предизвика премор. Можеби сте приметиле дека во вечерните часови се најактивни со голема енергија. Тоа е затоа што не заспале на време. Кај овие дечиња, многу е важно да внимавате на прозорот на будност, не прескокнувајте дремки и навечер успивајте ги на време.

Зголемена осетливост на сетилата

Кај темпераментните дечиња сетилата се многу високо изразени. Одредени текстури, звуци, светлина и разни мали ситуации може да им го отежнат заспивањето. Слично како приказната за “принцезата и грашокот”. Мал грашок под куп душеци ќе го осетат и нема да заспијат. Токму со тоа се соочуваат родителите кога се обидуваат да ги успијат: најмалата промена или проблем со нивната средина за спиење значи дека нема да заспијат.

Тие реагираат различно во одредени ситуации. Некои од нив се иритараат од звуци и ги покриваат ушите кога ќе слушнат сирена, или добиваат тантруми во гужви и бучни места, од друга страна некои сакаат и бараат поголем интензитет и бучава, овие деца најчесто сакаат да заспиваат со силно нишкање или скокање на пилатес топка.

Како родител на сензорно осетливо дете, многу е важно да ги препознаете нивните чувства, да ги набљудувате и да сфатите што им помага, а што ги стимулира и ги раздразнува, само така ќе им помогнете да се смират, да заспијат и да ја преспијат ноќта.

Доколку имате детенце за кое одговараат горенаведените карактеристики и не спие навечер, не очајувајте, проблемот не е во вас, виновен е темпераментот. Но и  најтемпераментните дечиња, со добро направени план, рутини и методи за тренинг за спиење, можат да научат да ја преспиваат ноќта.

Сања Ѓорѓева – Сертифициран и обучен тренер за спиење (Certified Gentle Sleep Coach ℠), дел од светски распространета организација составена од тим стручњаци во областа на спиењето, предводени од светски познатата Kim West уште попозната како The Sleep Lady. Нашиот тим користи методи и техники, за подобрување на сонот на бебиња и деца од 4 месеци до 6 години, кои се индивидуални за секое семејство, прилагодени на возраста и карактерот на детето како и на динамиката на семејството. Со помош на нашите програми за спиење, ќе ги научите вашите деца да заспиваат сами и да ја преспиваат ноќта за помалку од две недели.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Verified by MonsterInsights