СОВЕТИ ЗА ОДМОР СО ВАШЕТО ДЕТЕ

Летото е време за одмор за целото семејство, но планирањето и одењето на одмор со мало дете може да биде стресно за родителите. Промената на средината, возухот, околината, може дополнително да влијаат врз сонот на децата, а и на возрасните.

Додека сте на одмор пробајте да ги задржите вообичаените рутини за спиење, понесете се што мислите дека му е потребно на детето, некоја играчка или предмет кој што е поврзан со него ќе биде од дополнителна помош за полесно успивање, не заборавјте детето да биде добро хидрирано во текот на денот, гледајте деновите да му ги направите забавни и да ги исполните максимално со нови и интресни активности.

Испланирајте да стасате во смештајот порано во денот, за да има време детето да ја истражи собата во која ќе спие, а и околината околу него. Доколку стасате касно и веднаш го ставите на спиење, веројатно нема да сака да заспие, а и почесто ќе се буди навечер.

Доколку на детето му треба повеќе одмор или повеќе дремки во текот на денот, дозволете му го тоа, многу деца чувствуваат повеќе умор на одмор поради секојдневните целодневни активности и пливањето.

Ќе споделам со вас неколку совети кои ќе ви помогнат да уживате во одморот и да останете максимално смирени:

  1. Пробајте да останете константни со дневните дремки, бидете внимателни детето да не се премори.
  2. Затемнете ја и оладете ја собата каде што ќе спие детето! Темпрературата на собата во летните денови не треба да надминува 22 степени.
  3. Искористете го убавото време и исполнете го денот со активности кои ќе помогнат во трошење на енергија преку ден, за да спие подобро навечер.
  4. Понесете омилена играчка или ќебенце кои и дома ги користите за спиење
  5. Останете доследни на рутината пред ноќното успивање, не го менувајте редоследот.
  6. Користете бели звуци доколку е потребно, белите звуци ќе ја блокираат надворешната бучава, а вашето малечко ќе спие подобро.
  7. Облекувајте го детето во тенка и памучна облека која нема дополнително да го поти. Децата често се будат доколку им е топло.
  8. Доколку детето не спие со вас во исти кревет може да понесете и транспортно креветче или да побарате посебен кревет за него во самиот смештај, исто така може да ја понесете и неговата постелнина која ќе го потсети на мирисот дома, и полесно ќе се прилагоди на новата средина за спиење.
  9. И за крај бидете смирени и трпеливи, па дури и да ви се измести целиот ред додека сте на одмор, не се оптеретувајте, сепак сте на одмор, пробајте да уживате максимално!

Сања Ѓорѓева – Сертифициран и обучен тренер за спиење (Certified Gentle Sleep Coach ℠), дел од светски распространета организација составена од тим стручњаци во областа на спиењето, предводени од светски познатата Kim West уште попозната како The Sleep Lady. Нашиот тим користи методи и техники, за подобрување на сонот на бебиња и деца од 4 месеци до 6 години, кои се индивидуални за секое семејство, прилагодени на возраста и карактерот на детето како и на динамиката на семејството. Со помош на нашите програми за спиење, ќе ги научите вашите деца да заспиваат сами и да ја преспиваат ноќта за помалку од две недели.

Содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Verified by MonsterInsights