Постпородилната депресија (ППД) се смета дека се јаува кај околу 10-15% од новите мајки.
Најчесто ППД започнува неколку денови по раѓањето на бебето, но може да започне и по неколку недели па и месеци, кај многу мајки се јавуваат првите симптоми како: често плачење, тага, изгубен апетит, лоши мисли дека не сте добра мајка, напнатост, умор.. се смета дека за ова се заслужни големите промени на хормоните, кои настануваат после породувањето. Секојдневната грижа за новороденчето предизвикува стрес и нервоза кај мајката, плус на ова кога ќе го додадеме уморот и недоволен сон, промената на начинот на живот, повеќе од јасно е дека новата мајка може да се соочи со чести промени на расположението и депресија, посебно доколку е без помош од блиските.
На дел од жените им е страв дека ќе бидат осудувани, па сите симптоми ги чуваат во себе што е многу погрешно, секогаш треба да побарате помош првично од најблиските, да се обидете да разговарате и да објасните како се чувствувате, да ги искажете вашите мисли, дури и да ви е страв од нив, колку повеќе се плашите од вашите мисли, толку побрзо треба да ги кажете на вашите блиски.
Не треба да се срамите да побарате и стручна помош, тоа ќе ви помогне полесно да се справите со ситуацијата, да ја надминете и да уживате во мајчинството, ППД е состојба која може целосно да се надмине со соодветна помош и терапија. Многу е важно на мајката да и се даде поддршка и помош. Одморот и сонот се важни за новата мајка, но и комуникацијата и разбирањето од партнерот и најблиските се исто толку важни.
ППД може да му се случи на секој, без разлика колку сте биле спремни за дочек на новиот член во фамилијата и сте сонувале за денот кога ќе се реализирате како мајка. Појавата на ППД не ве прави лош родител, напротив, разберете дека вие не сте виновни, само треба да побарате помош, и да дозволите да ви се помогне.
Времетраењето на постпородилната депресија варира од неколку недели до неколку месеци, а понекогаш и подолго. Постпородилната депресија на почетокот има сличности со состојбата на постпородилната тага (бејби блуз), но симптомите се многу повеќе изразени.
-Постпородилната тага се јавува кај 80% од мајките, со ваква нагла промена на хормоните во нашето тело, не е ни чудно што настанува промена во расположението.
Симптоми за постпородилна фтага се:
- често плачење
- анксиозност
- несигурност, тага
- проблеми со спиење
- умор
Симптомите на постпородила тага поминуваат за неколку недели, и повторно ќе се чувствувате добро, важно е да знаете дека симптомите на постпородилна депресија се многу поразлични и поизразени од оние на постпородилна тага, дел од симптомите на ППД се:
- тага, многу плачење
- необјаснива болка во телото
- самоубиствени мисли
- губење на апетит
- проблеми со спиењето
- проблеми со концентрација
- безнадежност и безпомошност
- чувство на вина и срам
- недостаток на приврзаност кон новороденчето
- изолација
Секоја мајка заслужува поддршка и разбирање во оваа тешка фаза на животот. Да бидеме толерантни и емпатични кон жените кои се соочуваат со постпородилна депресија, да ги поддржиме да ја надминат оваа состојба и да се вратат кон психичка и физичка благосостојба.