Ексклузивна - програма за спиење
(0д 4 месеци до 6 години)
Родители
Индивидуална програма за спиење плус секојдневна поддршка од Сања Ѓорѓева, сертифициран тренер за спиење.
Во ексклузивната програма покрај програмата за спиење, ќе имате и секојдневна моја поддршка за време на целиот тренинг процес. Ќе го следам тренингот од почеток до крај и ќе ве водам низ целиот процес. Покрај мојата поддршка и помош, ќе ја добиете и помошта и поддршката од сите останати тренери од Америчката школа предводена od Ким Вест позната како The Sleep Lady.
Во ексклузивната програма е вклучено:
– 1.5 – 2 часа интезивен разговор за спиењето на вашето дете (во канцеларија или онлајн)
– Детална анализа на спиењето на вашето дете, врз основа на претходно одговорен прашалник од ваша страна
– програма за спиење која ќе биде индивидуалана само за вашето бебе/дете
– Воведување на ред, рутини и навики за подобро спиење
– Разработена метода со која ќе го научите вашето бебе да заспива само и да ги преспива ноќите
– Целосен мој ангажман за време на целиот тренинг процес, ќе го следам напредокот на програмата и реакциите на вашето дете, ќе ви бидам поддршка и ќе ве обучувам низ целиот процес, од почетокот до крајот.
Цена: 12.000 ден.
задоволниКЛИЕНТИ
Како мајка на бебе кое до 10 месечна возраст заспиваше со нишкање, плачење, цицање и пак нишкање, а во текот на ноќта се будеше речиси на секои 2 часа, нормално дека бев запознаена со методите на sleep training. Поминував саати и саати во барање решенија за мојот проблем бидејќи одговорите “такво ти е детето” не можев да ги прифатам. На мое големо изненадување на Facebook ми се појави профилот на Dr.Goodnight и така ја запознав Сања. Уште по првата средба знаев дека Сања е некој кој може да ми помогне, за во текот на тренингот да се уверам дека станува збор за исклучително трпелива и неверојатно професионална личност. Сања како Gentle Sleep Coach ме научи да го научам Ратко да заспива сам уште од првата вечер за по една недела да почне да ја преспива цела вечер, а најважно од се, ми помогна да верувам пред се во себе како родител, нешто што заради долгите непроспиени ноќи заборавив, потоа и во моето дете. Магично е да гледате како вашето дете преку ноќ учи вештина која сте се плашеле дека никогаш нема да ја совлада. На Сања сум и засекогаш благодарна, а на сите ненаспани родители безрезервно ја препорачувам.
Мила, мајка на Ратко (10 месеци)
Dr.Goodnight за мене е животно откритие! Сања буквално не спаси од нервен слом!
Кога ќе се присетам, мислам дека полошо дете во неспиење од моето не може да постои… После 4тиот месец почна постепено се почесто да се буди ноќе за на 6 месеци веќе и воопшто да не спие и он и ние. Се будеше на 30-40 минути во текот на целата ноќ, а презаспиваше само во раце и со нишкање кое траеше барем 15 минути па замислете каков хорор беше тоа. Постојано кенкаше, плачеше, не сакаше во креветче да спие, и тоа траеше се додека не дојдовме до раб на нерви и сила и тогаш дознавме за Сања. Изненадувачки, уште првите неколку ноќи настапи подобрување, строго се држевме до сите нејзини совети и после кратко време нашиот син почна да ја спие цела ноќ! Цела ноќ без ниту еден глас да пушти! Неверојатно…
Бескрајно сме и благодарни на Сања и повторно ќе ја побараме кога ќе имаме друго дете.
Ивана, мајка на Петар (14 месеци)
Од срце ви ја препорачувам нашата драга и прекрасна Сања за нежен тренинг за спиење. Колку и да ви е тешка моменталната ситуација со спиењето, т.е. неспиењето на вашето бебе, сигурна сум дека Сања ке ви помогне, како што ни помогна и на нас многу. Од шестиот месец до десетиот месец нашето бебе во просек се будеше по шест пати во текот на ноќта, немаше навики на спиење ниту дење ниту ноќе. Со помош на Сања и на програмата која ја направи за нас, спиењето на нашиот Лазе више не ни претставува проблем. Најубаво е што на овој начин го учите вашето бебе само да заспие и да спие. Големо задоволство ни беше да соработуваме со Сања која е полна со разбирање и трпение и секогаш ни излегуваше во пресрет кога ќе ни требаше совет.
Љубица, мајка на Лазар (10 месеци)
Кога ја проширивме нашата фамилија, и кога по првото дете добивме преслатка ќеркичка, мислев дека знам се во врска со спиењето и како да ја научам уште од мала да ги преспива ноќите. Сепак испадна дека е точна изреката дека секое дете е различно. Се најдов во ситуација во која станав очајна за сон и бев исцрпена од плачења кога доваѓаше време за дневни дремки. Dr.Goodnight беше крајот на нашите проблеми. Веќе за десет дена имавме потполно друго искуство со спиењето. Нашето мало девојче спиеше во својот кревет и тоа без наш надзор и помош. Ако некој од моите пријатели некогаш има проблем со спиењето на своите бебиња, веднаш би ги препратила кај Dr.Goodnight. Сања ја претвори безнадежната ситуација во ситуација под целосна контрола, и ни помогна да направиме тим околу нашата ќерка кој и помогна да направи здрави навики за спиење.
Тања, мајка на 6 месечно бебе
Dr. Goodnight беше токму она што ни требаше за да му помогнеме на Давид да спие подобро! Во потрага по разни решенија бев преплавена со различни информации од книги и од интернет. Програмата на Dr.Goodnight беше полна со прави и поткрепени информации и совети за решение на нашиот проблем, и ни помогна да го избереме најдоброто решение за нашата фамилија. Најдобро од се беше тоа што знаев дека ќе биде покрај нас низ целиот процес. Давид сега спие по 11-12 саати во текот на ноќта, има одлични дремки и е многу среќно дете.
Горица, мајка на Давид (12 месеци)
Топло му препорачувам на секој родител со помош на Сања да го научи детето да заспива само и да ги преспива ноќите бидејќи спиењето е од исклучителна важност за здрав развој на детето. Ања се будеше на секој час и не продолжуваше да спие без доење, беше уморна и кенкава преку ден, а ние едвај функциониравме. По само неколку дена имаше резултати, дневните дремки се средуваа, а сега легнува и заспива за 5 минути, има квалитетен долг сон и е пресрекно бебче во текот на денот, а ние сме наспани родители кои повторно имаат време еден за друг. Прекрасно е искуството да се работи со Сања, програмата и методот кој што го работевме беа во потполна согласност со нашите потреби и вредности, добивавме секојдневни насоки и совети додека траеше програмата. Сања е трпелива и полна со разбирање, слободно ги дискутиравме сите грижи и емоции, и беше достапна апсолутно во секој момент… Фала ти премногѕ Сања, се слушаме повторно за помош со второто бебче J
Александра, мајка на Ања (7 месеци)
Сања, сакам да кажам дека си прекрасна и ти и твојата програма, веќе поминаа 12 ноќи и мојот син спие по 7-8 поврзани часа, па по кратко будење без проблем презаспива повторно сам во нова позиција во креветчето. Не сме биле поодморени и посреќни во изминативе 11 месеци. Фала ти премногу, одлуката да дојдам на твоето предавање ми е една од најдобрите во врска со доброто на моето дете. Сите сме поскреќни и поодморени! Ти посакувам многу успешна кариера, а според ова што го постигнав благодарение на тебе, несомнено ќе е така!
Светлана
Благодарение на вашите консултативни совети, нашиот 19 месечен неспијач, спие цела ноќ без будење веќе 5 месеци. Ви благодариме од срце!
Катерина, мајка на 19 месечно бебе
Ви благодарам, нема ништо поубаво од тоа детето да ти стане наспано, насмеано и расположено. Ве препорачувам на сите со мали бебиња, бидејки стварно ни помогнавте!
Моника
Со тимот на Dr.Goodnight конечно научивме како да ги преспиваме ноќите🍀 😊👏 Прекрасна соработка 👏 Прекрасно искуство 💝Топла препорака 😊
Ана
Dr. Goodnight, ти благодарам од срце, за помошта и поддршката. Не верував дека Војдан може да заспие сам, па и да ја преспие цела вечер, 13 месеци спиеше само во раце...За мене ова беше голем предизвик. Благодарение на тебе успеав да му помогнам на Војдан да заспива сам, да спие мирно, и да се буди среќен и наспан, а исто и јас :). Знам дека има многу мајки како мене, кои не веруваат дека нивните малечки можат да заспијат сами, но искрено не губете повеќе време.
Надица, мајка на Војдан (13 месеци)
Сања, со тебе никој веќе нема да има потешкотии, се радувам на второ дете само ради тоа што го решивме проблемот со спиење на Тео!
Бојана, мајка на Тео
10. Ја запознав Сања кога моето дете имаше 2ипол години и ни го промени животот. 2 ипол години немавме преспано една ноќ, секоја вечер се будеше по 6-7 пати, среќни бевме кога ќе се разбудеше само 3 пати во ноќта. Го успивавме во раце, и секое будење мораше пак да го нишкаме за да заспие. Случајно дознав за Dr.Goodnight, и иако не верувавме, решивме да пробаме. Се сеќавам дека точно 6тата вечер од тренингот ја преспа цела ноќ, без воопшто да се разбуди! Станував за да го проверам дали е добар. Помина една година од завршувањето на тренингот, а Михаил заспива сам и спие цела ноќ без будења. Немам зборови со кои можам да ја опишам благодарноста која ја чувствувам кон Сања, бев на работ на депресија, поради константен умор. Сања ни ја врати среќата, и на мене и на сопругот и на моето дете. Сите сме наспани, одморени и среќни. Детето ни е весело и расположено а мама и тато посреќни од било кога. Сања ти благодарам најмногу на свет, немаше да успеам без твојата поддршка, трпение и разбирање. Те гушка наспаниот и среќен Михаил.
Андријана, мајка на Михаил (2 ипол години)
11. DrGoodnight сакам од срце да Ви се заблагодарам за тоа што ми помогнавте да го научам моето 11 месечно бебенце само да заспива, да спие во своја соба и да ги преспива ноќите🥰 а воедно и мајка му да биде наспана и одморена за него и неговата поголема сестричка 😍 .. Програмата Ви е одлично направена, бидејќи е индивидуална и вашата секојдневна подршка и помош низ процесот е непроценлива. Искрено, не верував дека ова може да се постигне и дека ќе биде реалност, но вие ми го докажавте тоа. Посебно ми е драго што конечно и кај нас има професионалци кој работата со оваа проблематика и нудат помош и програма на оние на кои им е потребна! Секоја Ви чест! 🙌🙏❣️ Топло би ве препорачала на секој кој има потреба од ваша помош🤗❣️😴
Ирина, мајка на 11 месечно бебе
Previous
Next