Филозофија
Многу родители ме прашуваат “Дали сте поборник на методата ‚да преплаче‛ (англ. cry-it-out) или го одобрувате спиењето на децата во креветот на родителите? Дали морам да престанам да го дојам моето дете за да го научам да спие? Дали морам да бирам измеѓу: спиење во ист кревет со детето/без плачење или детето да спие во свој кревет/со методот да преплаче?” Вие не морате да изберете една варијанти. Овде не се работи за тоа што е погрешно, а што е правилно. Овде се работи за тоа што делува кај вас и кај вашата фамилија. Точно е дека методот на преплачување може да даде побрзи резултати од нежниот метод со кој ние работиме, но само ако вие како родители можете да се придржувате кон методот на плачење доследно и доволно долго се додека не заспие вашето дете.
Филозофијата за Тренер за Нежно Успивање (анг. Gentle Sleep Coach) ја развила Ким Вест, позната како “The Sleep Lady®“ затоа што многу родители не можат да бидат доследни во другите програми за успивање поради стравот дека емотивно ќе му наштетат на своето дете.
Пристапот на тренерот за нежно успивање претставува нежна алтернатива за фамилиите кои од емотивни или идеолошки причини се противат на пристапот исплачи се (cry it out), односно не сакаат да ги остават своите бебиња/деца сами во соба и да плачат се додека не заспијат. Ова е за фамилии кои веќе го испробале пристапот на Фербер (контролирано плачење) но не им успеал. Ова е пристап за фамилии кои порано ги оставале своите бебиња да се исплачат, но сега гледаат дека тоа не помага. Ова е исто така за фамилии кои прифаќаат да спијат со децата во исти кревет, но нивните деца пак не спијат добро, дури ни кога се удобно сместени до нив. Ова е пристап за родители кои спиеле со своите деца во исти кревет од неколку месеци до неколку години, а сега сакаат фамилијарниот кревет повторно да го претворат во брачен кревет.
Можеби прашувате „Можете ли да гарантирате дека ќе нема плачење?“ Не, поточно тоа никој не може да го гарантира. На пример, доколку сте го научиле вашето дете дека носењето во раце е начин на успивање, и начин на презаспивање при секое будење, а по извесно време сте одлучиле дека сакате да ја промените оваа навика, вашето дете ќе протестира и ќе ја одбива новата промена. На крајот на краиштата, они не знаат зошто сте го промениле вашиот пристап. Доколку вашето дете сеуште не зборува, тогаш тоа ќе плаче.
Мојата цел е да има што е можно помалку плачење. Ги поттикнувам родителите да бидат полни со љубов и да реагираат на своето дете, но и да му дадат простор на своето дете за да ја совлада оваа важна животна вештина на спиење и да научи само да се успие.
Родителите реагираат на своето дете и остануваат со своето дете притоа давајќи му физичко и вербално охрабрување, но сепак му дозволуваат да заспие само. Овој пристап е поддржан од Теоријата на врзување (attachement) помеѓу родителите и децата.
Ќе работам со вас на изработка на индивидуален, чекор по чекор, план за спиење кој ќе ги земе во обѕир вашата родителска филозофија, возраста на вашето дете, здравјето и карактерот на вашето дете, добрата состојба на мајката и фамилијарната динамика. И што е најважно, ќе ве поддржувам и ќе ве обучувам во текот на целиот процес, од почетокот па се до крајот!
Уметноста на самостојно заспивање е непроценлив дар кој можете да го поклоните на вашето дете, а и на целата ваша фамилија.
Доколку имате било какви прашања во врска со Филозофијата за нежно успивање, слободно контактирајте не.