Методи
Во центарот Dr.Goodnight работиме со фамилии чии што бебиња или дечиња (до 6 години) имаат проблем со спиењето. Изработуваме индивидуални програми, со чија помош ќе го научите вашето бебе да заспива само и да ги преспива ноќите. При изработка на програмите, користиме тренинг методи со нежен и благ пристап, развиени од Ким Вест позната како “The Sleep Lady”.
За време на тренингот родителите реагираат на своето дете и остануваат со своето дете во собата притоа давајќи му физичко и вербално охрабрување, но сепак му дозволуваат да заспие само. Методите и пристапот со кои работиме се поддржани од приврзаниците на “Теоријата на врзување (Attachement Theory)” помеѓу родителите и децата.
Можеби прашувате „Можете ли да гарантирате дека ќе нема плачење?“ Не, поточно тоа никој не може да го гарантира. На пример, доколку сте го научиле вашето дете да заспива во раце, и при секое будење во ноќта, повторно да заспива во раце, а по извесно време сте одлучиле дека сакате да ја промените оваа навика, вашето дете ќе протестира и ќе ја одбива новата промена. На крајот на краиштата, вашето дете не знае зошто сте го промениле вашиот пристап на успивање. Доколку вашето дете сеуште не зборува, тогаш тоа ќе плаче.
Нашата цел е да го сведиме плачењето на минимум. Ги поттикнуваме родителите да бидат полни со љубов и да реагираат на своето дете, но и да му дадат простор да научи само да се успие.
Со вашето присуство во собата на детето и вашата физичка и вербална поддршка, го намалувате стресот кај вас, а и кај вашето дете.
Со помош на тренингот ќе направите баланс помеѓу сигурност и поддршка, доверба и слобода. Треба да имате доверба во него и да му допуштите само да научи да се справува со своите емоции ( лутина, возбуда, фрустрација и среќа ), да може само да ги контролира, а ние ќе ви помогнеме во тоа.
Методот со нежен пристап, со кој работиме, е систем кој функционира, но мора да биде прилагоден на ВАШАТА фамилија, на ВАШИТЕ вредности, на ВАШИОТ начин на живот.
Како што знаете, не постојат две исти деца. Она што функционира кај едно дете, можеби нема да функционира кај друго дете. Затоа е потребен тренер за спиење, кој ќе направи програма за спиење која е индивидуална, прилагодена на вашето дете.
Програмите за спиење се изработуваат врз основа на претходно одговорен прашалник и направена анализа, кој се однесува на историјата на детето, темпераментот, карактерот и фамилијарната динамика. Јас, како Сертифициран Тренер за спиење:
– ќе го прегледам вашиот пополнет прашалник во врска со спиењето на вашето дете
– ќе ве сослушам и внимателно ќе го разгледам она што сте го пробале за да ги промените навиките на спиење на вашето дете, а ќе ја разгледаме и вашата цел која сакате да ја постигнете
– ќе ја изберам идеалната метода со која вашето бебе/дете ќе научи да заспива само и да ја преспива ноќта за две недели
– ќе направам прилагодена програма за спиење која ќе функционира кај вашето дете
– и најважно ќе го следам целиот тренинг процес, ќе ве насочувам, ќе ве советувам и ќе ви давам поддршка за време на целиот тренинг
Вашата програма за спиење ќе ги земе во обѕир темпераментот и возраста на вашето дете, вашата родителска филозофија, вашата единствена ситуација и вашиот фамилијарен живот.
Не е важно дали спиете во ист кревет со вашето дете, дали доите или делите соба.
Нема да бараме од вас да престанете со тоа доколку вие не сакате, ниту пак ќе ве осудуваме за вашите избори.
Вашиот тренер за спиење може да ви помогне затоа што ќе направи личен план кој ги зема во обѕир СИТЕ ваши единствени околности