Основна - програма за спиење

(0д 4 месеци до 6 години)

Родители

Вашето бебе/дете сеуште не ги преспива ноќите? Се буди често? Не знае да заспие само? Има кратки дремки? Ние ви го нудиме решението! Со помош на нашата индивидуална програма ќе ги вратите проспаните ноќи во вашето семејство за помалку од две недели.
Без оглед на вашата ситуација, ние ќе изработиме индивидуална програма за спиење за вашето дете, која ќе му помогне да научи да заспива само и да ги преспива ноќите. Без разлика дали го успивате со доње, нишкање, возење, лулање…со помош на нашите методи и техники, ќе му помогнете на вашето дете да научи да заспива само и да ја преспива ноќта за само две недели. Методите и техниките со кои работиме се со нежен и благ пристап. Родителот е цело време покрај своето дете, се додека да заспие.

Не е важно дали спиете во ист кревет со вашето дете, дали доите или делите соба. Нема да бараме од вас да престанете со тоа доколку вие не сакате, ниту пак ќе ве осудуваме за вашите избори.
Ќе работам со вас на изработка на индивидуален, чекор по чекор, план за спиење кој ќе ги земе во обѕир вашата родителска филозофија, возраста на вашето дете, здравјето и карактерот на вашето дете како и фамилијарната динамика.

Во основната програма е вклучено:
– 1.5 – 2 часа интезивен разговор (во канцеларија или онлајн) на кој ќе поминеме низ:

– Детална анализа на спиењето на вашето дете, врз основа на претходно одговорен прашалник од ваша страна

– програма за спиење која ќе биде индивидуалана само за вашето бебе/дете

– Воведување на ред, рутини и навики за подобро спиење

– Разработени метода и тренинг со кои ќе го научите вашето бебе да заспива само и да ги преспива ноќите, тренингот трае од 12 до 15 дена.

– Цена: 6.000 ден.
*(постои можност за доплата на кратки разговори, додека трае тренингот, 30мин разговор – 1.000 денари)

задоволниКЛИЕНТИ