Во ексклузивната програма е вклучен целосен мој ангажман за време на целиот тренинг процес, ќе го следам напредокот на програмата и реакциите на вашето дете, ќе ви бидам поддршка и ќе ве обучувам низ целиот процес, од почетокот до крајот.
12,000.00 ден
Изработка на програма за спиење за вашето дете со секојдневна моја поддршка за време на целиот тренинг процес. Програмата е индивидуална, за секое дете посебно. Програмата се изработува врз основа на историјата на детето, темпераментот и возраста на вашето дете, вашата родителска филозофија, вашата единствена ситуација и вашиот фамилијарен живот. По изработката на програмата, закажуваме состанок (онлајн или во канцеларија), во времетраење од 1.5 до 2 часа на кој ќе ви ја презентирам програмата и тренинг методата, ќе ве воведам чекор по чекор во целиот тренинг процес и методата која ќе ја користите за да го научите вашето дете за заспива само и да ги преспива ноќите .