Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

Идни Родители

Спречете ги непреспаните ноќи уште на самиот почеток. Дознајте како се развива спиењето на вашето новороденче, и кој е идеалниот период да започнете со здрави навики на спиење.
Во текот на оваа програма ќе опфатиме основно образование во врска со спиењето и исхраната на вашето новороденче. Ќе зборуваме за она што е нормално и што треба да очекувате од вашето новороденче во зависност од неговата возраст. Ќе зборуваме за рутината на дневното и ноќното спиење на вашето бебе и за тоа како да направите сигурна и пријатна атмосфера за спиење. Ќе добиете совети и насоки како да го научите вашето бебе да заспива самостојно уште од најмала возраст. Ќе ви ја објасниме теоријата на врзување која е многу значајна во првите четири месеци од животот на вашето новороденче, и ќе ви помогнеме да остварите цврста врска со вашето бебе.

Со помош на нашата програма ќе ја зголемиме вашата самодоверба, ќе научите да ги читате знаците и потребите на своето бебе и ќе воведете ред во своите денонокија. Ќе ве подготвоам и ќе ви ги покажам методите и чекорите кои можете да ги направите уште на самиот почеток за да му помогнете на вашето бебе да стане голем спанко.

Во програмата е вклучено:
– 1.5 – 2 часа разговор (во канцеларија или онлајн) на кој ќе разговараме за:

– Биологија и развој на сонот (низ кои фази се развива спиењето)

– Создавање на пријатна и здрава атмосфера за спиење

– Едукација за теорија на врзување ( Attachment theory)

– Вообичаени митови за спиењето

– Спроведување на рутина за спиење

– Методи и техники за да го научите вашето бебе од сам почеток да заспива само и да ги спречите непроспаните ноќи

– Два кратки разговори од по 30мин, кои можете да ги искористите во првата година од раѓањето на вашето бебе

Цената – 4.000 денари.

задоволниКЛИЕНТИ