ЈАС СУМ САЊА ЃОРЃЕВА

Здраво!

СЕРТИФИЦИРАН ТРЕНЕР ЗА СПИЕЊЕ
Драги родители, јас сум Сања Ѓорѓева, сертифициран и обучен тренер за спиење на бебиња и деца до 6 годишна возраст, при програмата на “The Sleep Lady”, најпознатиот тренер во Америка. Со помош на нашите индивидуални програми, во кои користиме методи и техники со нежен и благ пристап, ќе ви помогнам да го научите вашето дете да заспива само и да ги преспива ноќите, а вие да го вратите сонот и мирот во вашето семејство. Приватно, сум сопруга и мајка на две прекрасни деца. Желбата и опсесијата за науката за спиење се појавија пред повеќе од 6 години кога ја основавме компанијата I Dream Concept која се занимава со истражувања, развивања и иновации поврзани со сонот. По раѓањето на моето прво дете, како и многу од вас, и јас и мојот сопруг се соочивме со многу непроспани ноќи. По низа истражувања, успеав да го најдам единствениот пристап и метод кој беше прифатлив за мене и моето семејство. Со помош на Ким Вест (The Sleep Lady), и нејзиниот метод, ја научив мојата ќерка да заспива сама и да ги преспива ноќите, и сето тоа со помош на благ и нежен пристап. Согледувајќи ги придобивките од тренингот, одлучив целосно да се посветам кон науката за спиење на бебиња и деца, и да се стекнам со потребното знаење, за да можам да помогнам на што е можно поголем број фамилии да си ги вратат сонот и мирот во семејството. Компанијата Dr.Goodnight ја основав во 2016год. како првиот Центар за Здрав сон на бебиња и деца во регионот. Повеќе од 4 години успешно ја развиваме нашата приказна во Македонија и Србија, помагајќи им на илјадници задоволни фамилии и клиенти да го вратот мирот и спокојот во својот дом.

СЕРТИФИКАЦИЈА

Програмата Gentle Sleep Coach е прва и најсеопфатна обука за тренери за спиење ширум светот. Вклучува над 80 часови обука од искусни тренери за спиење, медицински специјалисти, психолози, советници за доење, акушерки и семејни терапевти.
Интензивна обука, каде што научивме како да им помогнеме на 4-5-месечните бебиња да развијат добри навики за спиење. Оваа обука вклучува повеќе од 40 часа учење и настава од искусни ментори.

Во Јануари 2016, станав дел од америчката напредна програма за тренери за спиење (Advanced Gentle Sleep Coach Program), предводена од Ким Вест, попозната како The Sleep Lady. Во оваа програма се вклучени постојани истражувања, надоградувања, едукации, тренинг и постојана поддршка и заедничка работа со врвни експерти во областа на спиењето.

Дел од темите кои се опфатени во програмите и обуките за тренер за спиење:

  1. Основен курс за фази на развој на дете

  2. Биологија на спиење

  3. Методи за промена на навиките на спиење кај бебиња и деца од 0 до 6 години

  4. Теорија на приврзување (Attachment theory)

  5. Основи за совети за доење

  6. Болести кои влијаат врз спиењето и апнеа кај децата

  7. Пореметување на сензорната интеграцијата и влијанието врз сонот

  8. Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ) и влијанието врз сонот

  9. Постпородилна депресија

"Тренинг за спиење за бебиња од 4 и 5 месеци"

специјална
понуда

Дополнителна сертификација имам добиено во специјалната програмот за тренери за спиење за бебиња од 4 и 5 месеци. Оваа програма вклучува серија на ексклузивни напредни тренинзи кои се директно насочени кон тоа како нежно да се постапи со бебиња од 4 и 5 месеци за да ја научат вештината на спиењето. Детално ги изучивме специјалните техники и методи кои се користат за новороденчињата помали од 6 месеци земајќи ги во предвид сите елементи кои влијаат на нивната добра состојба. Насоки и алатки за да можеме со сигурност да процениме дали бебето и семејството се спремни за тренинг на оваа возраст (базирани врз основа на најновите научни истражувања).

Оваа специјална програма е смислена за да им овозможи на тренерите знаење и образование, да им ги покаже сите можни алатки и средства кои им се потребни за да можат успешно да работат со фамилии кои имаат бебиња на возраст помеѓу 4 и 5 месеци, а сето тоа да биде на начин кој е безбеден, здрав и кој одговара на возраста и развојот на бебето.

За да го добие својот сертификат, секој тренер треба да положи испит и да биде вклучен во практичниот дел, директна работа со фамилии кои имаат проблеми со спиењето, менторирани од Kim West (The Sleep Lady) . Дури и по завршувањето на обуката и стекнувањето на сертификатот, тренерите се лично менторирани од Ким Вест, и постојано се надоградуваат со нови истражувања, тренинзи, методи и знаења.

Надворешни експерти и стручни лица

наши соработници

Др. Луис Кас,

Пулмолог и специјалист за медицина за спиење. Директор на Детски центар за спиење во Њу Јорк.

Др. Шошана Бенет,

Клинички психолог, автор и водечки специјалист во постпородилна депресија

Др. Ентони Лоисидес,

Педијатриски гастроентеролог во Детска Болница, во Бронкс, Њу Јорк (Рефлукс кај бебиња)

видовиПРОГРАМИ

индивидуални според возраста и карактерот на детето

01

Програма за идни родители и новороденчиња до 4 месеци

02

Основна програма за спиење

4 месеци - 6 години

03

Ексклузивна програма за спиење

4 месеци - 6 години

задоволниКЛИЕНТИ